31.9 C
Vinica
среда, август 5, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Обвинителство отвори истрага против четири лица што пукале на свадба во Гостивар

    Четири лица од селото Добри Дол ќе одговараат за предизвикување на општа опасност, бидејќи минатиот месец пукале со оружје на свадба.

    Како што информираат од ОЈО, отккао била добиена пријава, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четирите лица кои на 31 јули вечерта, во дворно место од семејна куќа во селото, на свадбена прослава, употребиле огнено оружје. Тие пукале во воздух од три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар и со тоа ги довеле во опасност животите на поголем број присутни на свадбената прослава.

    „Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на секој од осомничените, а едниот од нив покрај македонско има и словенечко државјанство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените“, велат од Обвинителството.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica