Малолетник на возраст од 16 години од Тетово е лишен од слобода под сомнение дека извршил тешка кражба во црквата „Св. Богородица“ во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, полициски службеници од СВР Тетово го привеле малолетникот на 13 јули 2026 година околу 23:30 часот на Градскиот плоштад во Тетово, откако претходно било утврдено основано сомнение дека истиот ден, околу 21:10 часот, од црквата одзел пари и други предмети.
За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на негов родител и претставник од Центарот за социјални работи, согласно законската постапка за постапување со малолетни лица.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против 16-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.