22.2 C
Vinica
вторник, јули 7, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Владата ја раскина концесијата за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница

    Владата на седница на 30 јуни донесе одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница. Одлуката излезе во Службен весник на 3 јули, а инвеститорот Енерџи лукс од Кочани има 30 дена можност да се жали пред Управниот суд.

    Градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски денеска објави дека со тоа се заокружува уште еден важен чекор во заштитата на јавниот интерес и природните вредности на овој простор.

    Жителите на виничкото село Блатец повеќе од една деценија се бореа за да ја зачуваат својата река Блатешница од изградбата на мала хидроцентрала. Тие во март годинава организраа протести и го блокираа и патот Виница-Берово, а пристапот кон реката го чуваа со стражи. Тие бараа да не се градат инфраструктурни објекти на реката од која зависи животот во селото со над 1.200 жители кои водата ја користат за пиење и за наводнување на нивите.

    Фото: Фејсбук на Митко Костадиновски, градоначалник на Виница

    Костадиновски посочи дека во втората половина на февруари, со официјален допис го известил инвеститорот дека Одобрението за градење на хидроцентралата на реката Блатешница, престанало да важи на 13.08.2025 година.

    „Го предупредив дека доколку преземе какви било градежни дејствија по престанокот на важноста на одобрението, истите ќе се сметаат за бесправно градење, односно бесправна градба, и ќе претставуваат основ за поведување соодветни постапки согласно важечките законски прописи.
    За наведеното, со посебен допис го известив и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел оваа околност да биде земена предвид при одлучувањето за евентуално продолжување на договорот за концесија“, вели Костадиновски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica