20.6 C
Vinica
вторник, јули 7, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Локализиран пожарот во Кисела Вода, повреден еден пожарникар

    Локализиран е пожарот во магацински простор на Булевар Македонија, попознат како Јужен булевар во скопската Општина Кисела Вода во близина на стара „Рампа“. Како што соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, пожарот е ставен под контрола но за време на интервенцијата еден пожарникар е повреден и веднаш е пренесен на клиника.

    Објектот кој гори е до канцеларијата на Пазарната инспекција каде неодамна се вршеа градежни активности односно реконструкција на улицата.

    Црниот чад од пожарот можеше да се види речиси од целито греад, а како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, од запалениот објект се слушале пукотници, „најверојатно од електрична енергија“.

    На местото на пожарот има повеќе противпожарни возила и едно амбулантно возило, а за да се обезбеди пристап се сечеа и дрвја. Според споделувањата на очевидците, мирис на изгорено се чувствува низ цела Кисела Вода.

    Сличен пожар во близина на стара „Рампа“ имаше и во 2022 година, каде по неколку месеци почна да се гради нова зграда.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica