28.8 C
Vinica
вторник, јуни 23, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Во вторник втор рок за упис во средно образование, слободни се 11 882 места

    Учениците кои не успеаја да се запишат во средните училишта во првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година ќе имаат нова можност за запишување на 23 јуни.

    Како што информира Министерството за образование и наука (МОН), потребната документација ќе треба да се достави до училиштата на 24 јуни, а резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 25 јуни до 12 часот, преку огласните табли и интернет-страниците.

    Во случај во одредени училишта да има кандидати со ист број бодови, ќе биде организирано квалификациско тестирање. За вториот јунски рок, тестирањето е закажано за 29 јуни, а конечните ранг-листи ќе бидат објавени истиот ден.

    Според податоците од МОН, остануваат слободни вкупно 11.882 места во средните училишта низ државата.

    Од нив, 7.404 места се предвидени за настава на македонски јазик, 4.002 за настава на албански јазик, 456 места за настава на турски јазик и 20 места за настава на српски јазик.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica