21.9 C
Vinica
среда, август 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами

    Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) го објави најновото издание на Регистарот на е-трговци, со цел да им овозможи на граѓаните полесно да проверат од кого купуваат пред да извршат онлајн плаќање.

    Според податоците на Народната банка, во текот на 2025 година во земјава биле евидентирани вкупно 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција во текот на годината, согласно методологијата на Народната банка.

    Од АЕТМ посочуваат дека Регистарот на е-трговци претставува единствена и сеопфатна база на домашни онлајн продавачи кои нудат плаќање со платежни картички. Регистарот се ажурира во соработка со пет банки што процесираат електронски трансакции односно Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка, Халк Банка и УНИБанка.

    Во процесот на ажурирање, АЕТМ добива податоци од банките, по што следуваат проверка, идентификација, категоризација и ажурирање на е-продавниците.

    Според АЕТМ, Регистарот обезбедува единствен и структуриран увид во понудата на домашниот пазар на е-трговија и има за цел да придонесе кон поголема транспарентност и доверба кај потрошувачите.

    Како активни е-продавници, согласно методологијата на АЕТМ, се сметаат оние кои реализирале најмалку една онлајн трансакција во текот на годината и имале активна веб-страница во моментот на проверката.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica