28.8 C
Vinica
понеделник, јуни 15, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Битолчанец осомничен за повеќекратно силување на 12 годишно девојче

    Основното јавно обвинителство — Битола поднесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен маж, осомничен дека од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полови односи со девојче на 12 години. Според обвинението, со дејствата е сторено продолжено кривично дело — силување на дете кое не наполнило 15 години, по член 188 став 1 од Кривичниот законик.

    Како што се наведува во Наредбата, осомничениот стапил во контакт со девојчето, родено во 2014 година, преку социјалните мрежи и се допишувал со неа. Покрај обвинението за полов напад, тој е сомничен и за прикажување порнографски материјал на дете, по член 193 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор. Како образложение, се наведуваат опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, и ризик да влијае врз оштетената, нејзиниот исказ и други сведоци.

    Националните институции и надлежните служби продолжуваат со истрагата. Поради заштита на идентитетот на жртвата, во јавните соопштенија не се објавуваат дополнителни лични податоци

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica