25.3 C
Vinica
сабота, јуни 6, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Новиот филм на режисерката Дина Дума „Скејтбордингот не е за девојчиња“ имаше светска премиера во Њујорк на филмскиот Трибека фестивал

    Новиот филм на познатата режисерка Дина Дума вчеравечер ја имаше својата светска премиера во Њујорк на филмскиот Трибека Фестивал.  Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е првиот македонски филм кој имал место на филмскиот фестивал.

    Американската премиера на филмот во рамките на фестивалот основан од Роберт де Ниро, се одвиваше пред преполна сала и со долга сесија на прашања и одговори, но и пофалби и комплименти за режисерката Дина Дума. Богатата дискусија после проекцијата разви емотивна и прекрасна атмосфера, особено околу прашањата кон Дума за тоа како работела со глумците и како ја постигнала таа автентичност.

    Женското дуо режија, продуцент: Дина Дума и Лабина Митевска докажа дека македонскиот филм може да биде селектиран на фестивал каде големите филмаџии сонуваат да бидат. Овој фестивал пулсира со Њујоршки дух, урбаност и последни трендови во културата.

    „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е во продукција на „Сестри и брат Митевски“, продуцентка е Лабина Митевска, а копродуценти се Себастиен Делуа, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Сценариото е на Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноаром, а во главните улоги се Ефќар Абаз, Симонида Селимовиќ, Џефрина Јашари и Ганимет Абдула.

    Овој филм е втор долгомeтражен игран филм на Дина Дума после “Сестри”. Филмот е копродукција меѓу Северна Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, а поддржан е од Агенцијата за филм на Северна Македонија, „Еуримаж“, Creative Europe MEDIA и национални и регионални фондови од земјите копродуценти.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica