21.8 C
Vinica
петок, мај 22, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    СДСМ најави кривична пријава и интерпелација за Африм Гаши

    Претседателот на СДСМ Венко Филипче најави дека партијата ќе поднесе кривична пријава и интерпелација против претседателот на Собранието Африм Гаши, обвинувајќи го за континуирано кршење на Деловникот и злоупотреба на функцијата.

    На денешната прес-конференција, Филипче истакна дека станува збор за, како што рече, повторувачка пракса во работата на собраниското раководство, при што процедурите се спроведуваат спротивно на правилата и деловничките одредби.

    „Ова е скандал кој не е нов и кој претседателот на Собранието веќе континуирано го спроведува, а тоа е дека, кршејќи го Деловникот, закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет, комисија што ја води нашата пратеничка Сања Лукаревска, и покрај тоа што таа е тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува. Кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа комисија“, рече Филипче.

    Од СДСМ најавуваат дека кривичната пријава и интерпелацијата ќе бидат поднесени поради, како што велат, систематско непочитување на собраниските процедури од страна на претседателот на законодавниот дом.

    „Имајќи предвид дека ова е веќе пракса на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и со тоа го крши Деловникот, најавуваме дека ќе поднесеме кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието“, изјави Филипче.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica