18 C
Vinica
недела, мај 17, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Комисија за заразни болести: Низок е ризикот од појава и ширење на хантавирус во државата

    Комисијата за заразни болести формирана при Министерството за здравство одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер со хантавирус – андес варијанта во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот и здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата.
    „Институтот за јавно здравје располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, како и со стандардни оперативни процедури за дијагностика на овој вирус. Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби располага со соодветни капацитети за третман на евентуални пациенти со симптоматологија карактеристична за инфекција со хантавирус – андес варијанта, односно има соодветни услови за интензивна нега, механичка вентилација и респираторна поддршка.“ велат од Министерство за здравство.
    Комисијата истакна дека андес варијантата, за разлика од останатите варијанти на хантавирусот, има можност за пренос од човек на човек при подолг и близок контакт, но важно е да се нагласи дека преносот не е брз и лесен како кај коронавирусните инфекции.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica