15.3 C
Vinica
четврток, мај 14, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Сепак во Козле бил заловен волк, велат од ЗОО Скопје

    По извршените проверки и консултации со домашни и странски експерти, од Зоолошката градина Скопје соопштија дека животното кое вчера беше уловено во населба Козле е сепак волк, а не куче или мешанец.

    Во текот на денот, во Зоолошката градина во Скопје пристигнале и сопствениците на кучето Сириус, од расата чехословачки волчјак, кое го барале веќе два месеци, при што на лице место потврдиле дека заловеното животно не е нивното куче, туку станува збор за вистински волк.

    „Животното не е чипирано, измерено е дека тежи околу 25 килограми, а од страна на стручните служби беше земена и крв за биохемиска анализа и дополнителни испитувања. Волкот е млад, но неухранет и недоволно развиен за својата возраст“ се вели во соопштението.

    Во ЗОО Скопје денеска извршиле увид и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои потврдиле дека станува збор за волк (Canis lupus).

    Оттаму информираат дека биле контактирани и експерти и институции од повеќе европски центри и резервати за волци, со цел да се обезбеди дополнителна меѓународна потврда и стручно мислење.

    „Апелираме до јавноста да не се шират шпекулации и дезинформаци, туку сите заедно повеќе да работиме на едукација дека диви животни не се чуваат како домашни миленичиња на ланец. Скопје ЗОО ќе продолжи внимателно да ги следи здравствената состојба и однесувањето на животното и ќе ја информира јавноста за сите понатамошни информации“, стои во соопштението.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica