17.7 C
Vinica
недела, мај 10, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Автобус со ученици на екскурзија четири пати се расипал, полицијата го одзема и го прати на технички преглед

    Патнички автобус што превезувал ученици на екскурзија синоќа бил запрен од полиција и исклучен од сообраќај, по пријава на родители на децата. Учениците се пожалиле дека нивното патување станува патешествие бидејќи автобусот се расипал четири пати и ќе доцнат со часови на враќањето дома. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека автобусот бил пресретнат на наплатна рампа во Велес и исклучен од сообраќај, а децата биле вратени со друг автобус.

    „По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 8 мај во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ.(43) од Скопје,“ стои во соопштението од МВР.

    Автобусот бил одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност, а патниците со друг автобус се безбедно пренесени до крајната дестинација.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica