15 C
Vinica
сабота, мај 9, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција

    Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција. Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција.

    Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни правила и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција, во согласност со принципите на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

    Министерот за правда Игор Филков истакна дека со Конвенцијата се воведуваат јасни гаранции дека вештачката интелигенција ќе се користи на начин кој го почитува човековото достоинство, еднаквоста и недискриминацијата, а граѓаните ќе имаат поголема заштита на приватноста и личните податоци, како и пристап до ефективни правни лекови доколку нивните права бидат повредени.

    „Особено ја поздравуваме флексибилноста што Конвенцијата им ја овозможува на државите – да ги приспособат мерките во согласност со своите правни и институционални системи, а притоа да ги почитуваат универзалните стандарди. Ова е од клучно значење за ефективна имплементација и одржливи резултати “, истакна Филков.

    Тој истакна дека технолошкиот развој мора да биде во служба на граѓанинот,а иновациите мора да бидат безбедни, етички и одговорни.

    Во наредниот период ќе следува предратификациона анализа и процес на усогласување со националното законодавство, во кој ќе бидат вклучени релевантни институции, експерти и претставници на граѓанскиот сектор, со цел обезбедување квалитетна и сеопфатна имплементација на обврските што произлегуваат од Конвенцијата.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica