15 C
Vinica
сабота, мај 9, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Поднесен обвинителен предлог против обезбедувањето на премиерот за насилството врз сопругата

    Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека до Основен кривичен суд Скопје е поднесен обвинителен предлог против член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски за кривично дело „телесна повреда“.

    Според наводите во обвинителниот предлог, обвинетиот, по претходна вербална расправија во домот, физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави.

    Жената успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот и го одзел и оштетил нејзиниот мобилен телефон. Заедно со ќерката побарале помош кај сосетка, која ги примила во својот дом.

    Со обвинителниот предлог е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор поради постоење околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да стане недостапен на органите на прогонот, како и поради постоење реални околности дека може да го повтори делото. При тоа е земено предвид дека обвинетиот живее во заеднички семеен дом со оштетената и нивната малолетна ќерка, пред чии очи било извршено насилството.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica