18.4 C
Vinica
петок, мај 8, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    „Мета сме на координирани напади“, ИРЛ ги демантира обвинувањата за договорот со МРТВ

    Истражувачко репортерската лабараторија (ИРЛ) ги демантира, како што велат лажните тврдења за договорот со МРТВ објавени од неколку медиуми, чија цел, како што велат е нарушување на угледот на новинарите.

    „Изминативе неколку денови, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) повторно е цел на координирани напади од страна на интернет порталите Плус Инфо, Лидер и Нетпрес, како и со нив поврзани социјални платформи, кои дистрибуираат лажни и непрофесионални информации со цел дискредитација на организацијата и новинарите“, се вели во соопштението на ИРЛ.

    Од ИРЛ велат дека предмет на интерес е договорот за соработка со МРТВ, склучен во 2023 година и со траење до крајот на септември 2026 година, врз основа на кој ИРЛ во копродукција со јавниот сервис изработува видео содржини.

    Тие додаваат дека договорот не е таен, и е дел од неколкуте вакви договори за копродукција што МРТВ ги има и со други непрофитни и профитни организации и продукции во земјава.

    „Ги демантираме тврдењата дека ИРЛ вршела наводни криминални дејствија поради „доцнење и неисполнување на своите обврски. Целосна лага е дека ИРЛ не доставила содржини и дека договорот е завршен. Нашата редакција тековно работи на преостанатите содржини, за кои имаме и детален план за објава до крајниот рок“, стои во реакцијата.

    Од ИРЛ ги демантираа и гласините дека организацијата нема вработени, посочувајќи дека ИРЛ има 10 вработени, додека компанијата ИРЛ Стори Лаб располага со уште тројца. Оттаму додаваат дека ангажираат и надворешни соработници за реализација на проектите, во согласност со меѓународните професионални и етички стандарди.

    „Овие, како и сите претходни напади врз нашата редакција и работење, ги сметаме за дел од постојани злонамерни обиди за дискредитација на истражувачкото новинарство во земјава и обид за спречување на борбата против корупцијата и организираниот криминал“, велат од ИРЛ.

    Тие појаснуваат дека како непрофитна организација која воглавно се финансира од грантови и донации, имаат редовна комуникација со своите партнери, согласно договорити, при што додаваат дека резултатите од нивната работа се видливи за јавноста.

    „Продуктите на ИРЛ, емитувани како дел од договорот со МРТВ, досега имаат освоено 11 домашни и меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Global Shining Light Award 2023“, која МРТВ и ИРЛ ја делат со британскиот јавен сервис Би-Би-Си“, велат од ИРЛ.

     

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica