18.4 C
Vinica
среда, април 29, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Академската фела на УКИМ денеска избира нов ректор, за позицијата кандидати се Ангелова и Данев

    Проф. д-р Биљана Ангелова, актуелната ректорка на најстариот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ како и поранешниот декан на Машински факултет, Дарко Данев, се во трка за нов ректор. Денеска академската фела на тајно гласање избира кој ќе раководи со универзитетот во периодот 2026 – 2029. Официјалните резултати се очекува да бидат објавени денеска по 17 часот на веб-страницата на УКИМ.

    Мета денеска беше на Филозофскиот и на Правниот факултет. Гласачкиот процес течеше мирно. Гласачите, на гласачко ливче, зад параван имаа право да заокружат еден од двјацата кандидати.

    Ангелова е на позицијата од 16 септември 2023 година. Тогаш таа беше избрана откако на чело на УКИМ пред тоа беше проф. д-р Никола Јанкуловски.

    Во 2023 кандидати за ректорската позиција беа проф. д-р Ратко Дуев и проф. д-р Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, проф. д-р Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), проф. д-р Димитар Ташковски исто така од ФЕИТ, проф. д-р Атанас Кочов од Машински факултет, како и проф. д-р Ангелова, која тогаш беше проректорка за финансии.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica