18.8 C
Vinica
вторник, април 28, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Истрага за обид за убиство во Скопје, осомничениот со нож ја бодел жртвата

    Основното јавно обвинителство Скопје ќе спроведе истражна постапка против едно лице осомнничено дека се обидело да изврши убиство. Осомничениот 25-годишник, на 23 април по полноќ, со умисла се обидел да лиши од живот друго лице пред угостителски објект, по кратка вербална расправија во угостителскиот објект, која прераснала во физичка пресметка меѓу нив.

    Оштетениот го нападнал осомничениот и во тој момент осомничениот извадил нож и му задал неколку убоди на оштетениот во градниот кош, грбот и стомакот, нанесувајќи му убодни рани. По укажана лекарска помош, оштетениот е пуштен на домашно лекување.

    „Имајќи ги предвид сите околности и законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничениот, велат од Обвинителството.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica