15.8 C
Vinica
вторник, април 14, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Пијан возач од неготинско со изречена забрана за управување возило удрил во пешак

    Возач од неготинско е лишен од слобода откако, управувајќи автомобил под дејство на алкохол и со изречена забрана за управување возило, удрил во пешак во селото Пепелиште, соопшти МВР.

    Според информациите, на 12 април 2026 година околу 14 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Л.Д. (55) од село Пепелиште, неготинско. Тој управувал патничко моторно возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, кога удрил во пешакот Р.М. (62), исто така од селото Пепелиште.

    Во несреќата пешакот се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Итната медицинска помош во Неготино.

    Од МВР информираат дека по преземените мерки и извршените проверки било утврдено оти возачот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,76 промили алкохол во крвта. Дополнително, било констатирано и дека тој управувал со возилото и покрај тоа што имал активна забрана за управување.

    По насоки на јавен обвинител, лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica