10.4 C
Vinica
петок, април 3, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Владата формира центар за одговор на кибер закани и инциденти вреден 1,5 милиони евра

    Владата ќе формира центар за одговор на кибер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, преку кој во реално време ќе може да се следи што се случува во областа на кибер безбедноста и навремено да се реагира на потенцијалните закани.

    Министерот Андоновски нагласи дека Македонија ќе биде единствената европска држава која ќе одржи втора сесија од Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави, идната недела во Вашингтон, и ја нагласи соработката во дигитализацијата и кибер безбедноста.

    „За време на мојата посета во јануари, на највисоко ниво во Стејт департментот разговаравме за предизвиците во кибер безбедноста, дигиталната инфраструктура и размената на информации за потенцијални ризици во кибер просторот. Очекувам од овој Стратешки дијалог да произлезат конкретни точки што ќе значат подобрување на можностите за македонските граѓани, за македонската економија, како и за соработката меѓу институциите, со многу конкретни придобивки за двете страни“, изјави Андоновски.

    Министерот посочи дека кибер нападите денес сè почесто се користат како алатка за водење асиметрични војни, како од државни, така и од недржавни актери. Нападите се насочени кон критичната инфраструктура, која не ја опфаќа само цивилната, туку и здравствената, образовната и другите клучни области.

    „Со средства од Европската Унија и со национално кофинансирање, вложивме околу 1,5 милиони евра во новиот Владин центар за одговор на кибер инциденти, кој наскоро ќе биде отворен. Центарот ќе овозможи следење во реално време и брз и координиран одговор на кибер нападите“, рече Андоновски.

    Со овој центар, институциите ќе добијат посилен и поефикасен капацитет за справување со кибер заканите и инцидентите, кои во последните години стануваат сè почести и пософистицирани.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica