10.8 C
Vinica
недела, март 8, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (Рецепт) СО ГРАШОК И ПЧЕНКА: Крокети од туна, идеални за пост

    Можете да ги послужите како прилог, но и како главно јадење, со (посна) павлака.
    Потребно е:
    – 1 конзерва туна
    – 1 чаша варен грашок
    – 1/2 чаша варена слатка пченка
    – 1 јајце
    – 3-4 лажици презла (плус за панирање)
    – сол, бибер
    – лук во прав
    – магдонос
    – масло за пржење
    – малку брашно
    – лебни трошки
    Подготовка:
    Исцедете ја туната и малку изгмечете ги грашокот и пченката. Во длабок сад измешајте туна, грашок, пченка, јајце, лебни трошки и зачини во смеса погодна за обликување. Потоа обликувајте крокети со раце, валкајте ги во брашно, јајце и лебни трошки. Пржете ги во врело масло неколку минути од двете страни, т.е. додека не поруменат. Јадете ги додека се топли, со павлака или друго по ваш избор.

    Фото: Pixabay

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica