Полициски службеници од СВР Скопје утрово го лишиле од слобода С.З.(54) од село во општина Сарај. Според пријавеното, тој околу 5 часот во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги раздели.
Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.