13.3 C
Vinica
петок, март 6, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Македонски граѓани евакуирани од Израел со владиниот авион си дојдоа дома

    Првите македонски граѓани, евакуирани ое Израел синоќа се вратија во Македонија. Тие патуваа по копнен пат од Израел до Египет, од каде со владиниот авион се вратија дома.
    „Благодарение на координацијата меѓу институциите и нашите дипломатско-конзуларни претставништва, евакуацијата беше успешно организирана од Тел Авив преку Шарм ел-Шеик, до Скопје“ рече заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој на скопскиот аеродром ја пречека групата.
    Димитровски посочи дека Министерството е во комуникација и со другите наши државјани кои се наоѓаат во погодените региони и продолжува со активностите за нивно безбедно враќање дома. Според податоците од министерството во земјите кои се погодени од конфликтот има околу 600 македонски државјани. Најголем број од нив се пријавени во Абу Даби и Дубаи, околу 140 се во Катар, а најмалку се во Бахреин и Кувајт.

    „Очекуваме во наредните денови да се реализира и евакуацијата на останатите кои изразија подготвеност да се вратат. Тие ќе бидат пренесени со чартер летови, организирани од Владата и Министерството за надворешни работи. Еден од летовите ќе тргне од Ријад, Саудиска Арабија“, рече Димитровски.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica