7.4 C
Vinica
понеделник, март 2, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    „Шкендија има одличен тим, ростер за респект, ние нема што да загубиме“

    Фудбалерите на Пелистер заминаа за Тетово еден ден пред дуелот со Шкендија, настојувајќи во мечот да влезат максимално подготвени и да го дадат својот максимум.

    Битолскиот клуб имаше лош прв дел од сезоната, но во Битола одигра нерешено 0:0, со претендентот за шампионскиот наслов во државното првенство. Дуелот е закажан со почеток во 14 часот.

    “Шкендија има одличен тим, ростер за респект, солидна клупа и играат на меѓународната сцена. Ние немаме што да загубиме, имаме неколку добри резултати кои ни влеваат самодоверба, како последниот нерешен резултат со Струга. Тие имаа тежок меч од Конференциската лига, ние имавме малку повеќе одмор и тоа е нашиот „џокер“. Настојувам во секој натпревар да влегуваме на идентичен начин, би рекол нормално, без однапред да се предаваме. Среќата ги следи храбрите, ние мора да изиграме машки за да можеме да се надеваме на позитивен резултат. Веќе почнува да се забележува дека борбеноста е карактеристична за нашата игра и само продолжувајќи по тој пат можеме да успееме. Имаме тежок распоред во финишот, но мора да извадиме максимум и да продолжиме фокусирано по патот што сме го зацртале”, изјави тренерот Милан Стојаноски.

    Нерешениот исход во првиот дел од сезоната беше прв бод за Пелистер во меѓусебните дуели со тетовскиот клуб по пауза од четири години, додека последната победа датира од 2020 година.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica