7.4 C
Vinica
четврток, февруари 26, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Алушовски: Го заслуживме овој резултат

    Пелистер освои бод на гостувањето кај ГОГ, после неверојатен пресврт се избори за конечни 28-28. Македонскиот првак одигра лошо во првото полувреме и на почетокот на второто, но успеа да се консилидира, а голема помош имаше од искусниот репрезентативен голман, Никола Митревски, кој запиша 13 одбрани.

    Тренерот Стевче Алушовски мора да биде задоволен, бидејќи неговите момци покажаа карактер, а тој успеа да дојде до првиот бод во ЛШ после поразот од Висла Плоцк.

    “Направивме неколку грешки во првото полувреме, но нашата игра значително се подобри по паузата. Особено во играта 7 на 6 покажавме голем квалитет. Постигнавме многу голови преку силна и цврста физичка игра, и генерално верувам дека го заслуживме овој резултат“, рече предводникот на Пелистер после мечот.

    Следен предизвик за Пелистер кој се наоѓа на седмото место во својата група во ЛШ, е домашен меч против ПСЖ.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica