Едноставно, заситувачко и кремасто јадење кое има одличен вкус дури и кога е повторно загреано.
Состојки:
4–6 пилешки гради
сол и бибер по вкус
1 лажичка слатка пиперка
½ лажичка гранулиран лук
½ лажичка чадена пиперка (по желба)
200 г мајонез
100 мл павлака (18% или 30% маснотии)
150-200 г кашкавал (рендан: гауда, моцарела или чедар)
2 чешниња лук (исечени)
шака чери домати (по желба)
магдонос или власец за посипување
1 лажица масло или путер за пржење
Подготовка:
Лесно исчукајте ги пилешките гради и зачинете ги со сол, бибер, слатка и чадена пиперка и гранулиран лук. Загрејте го маслото во тава и кратко пржете го пилешкото од двете страни – само додека лесно не порумени. Измешајте мајонез, павлака, лук и половина од ренданото сирење во сад. Префрлете го пилешкото во тава за печење. Прелијте го сосот, додадете ги чери доматите и наросете го со преостанатото сирење. Печете на 180°C околу 25-30 минути, додека сирењето не се стопи и малку не порумени. Посипете со магдонос или власец пред сервирање.
Сервирање:
Со компири, пире од компири или помфрит.
Фото: Принтскрин/novosti