Доколку барате едноставен и вкусен рецепт кој ќе го задоволи целото семејство, овие полжави со сирење и спанаќ се вистинскиот избор.
Крцкавите кори, сочниот фил и брзата подготовка ги прават совршени за појадок, ужина или лесна вечера.
Состојки:
1 пакување кори по ваш избор
За премачкување:
2 јајца
150 мл јогурт
Фил:
300 г ситно сирење
малку сол
10 брикети замрзнат спанаќ или 2 раце свеж спанаќ, ситно исечкан
Подготовка:
Ставете хартија за печење на плехот. Изматете ги јајцата и јогуртот во сад. Премачкајте ја секоја кора со подготвената смеса, а потоа распоредете го филот по едниот крај.
Свиткајте ја кората во долго стапче, потоа завиткајте ја во форма на полжав и наредете ја на плех за печење.
Кога тавата ќе се наполни, премачкајте го горниот дел од полжавите со преостанатата смеса и наросете со сусам. Печете во претходно загреана рерна на 180°C додека убаво не поруменат.
Пријатно!
Фото: Принтскрин/novosti