13.4 C
Vinica
понеделник, ноември 10, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Денес се празнува Светата маченичка Евлалија

    Светата маченичка Евлалија живеела во IV век во времето на императорот Диоклецијан, кога биле најжестоките гонења на христијаните. Родена е во благочестиво семејство во градот Мериди (Шпанија) и уште од детство била воспитувана во верата во Христос.

    Кога во нејзиниот град започнало прогонството на христијаните, младата Евлалија, иако имала само 12 години, храбро излегла пред судијата и јавно го исповедала своето христијанско верување. Без страв ги изобличила идолопоклонството и неправдите. Поради ова била подложена на сурови маки – ја тепале, ја изгореле со факли и конечно ја распнале.

    Пред да ја предаде душата, се молела на Бога, а според преданието, од нејзината уста излегол бел гулаб – симбол на чистата и непорочна душа.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica