13.7 C
Vinica
петок, ноември 20, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Меѓународен филозофски фестивал за средношколци на 24 ноември во Скопје

    Во вторник, 24 ноември со почеток во 10:00 часот, во просториите на ПСУ „Алгоритам“ во Скопје ќе се одржи Меѓународен филозофски фестивал за средношколци по повод Светскиот ден на филозофијата. На фестивалот ќе учествуваат ученици од гимназии низ Македонија и од гимназија во Белград.

    Во средиштето на програмата ќе бидат ученичките есеи на тема „Вештачка интелигенција во образованието“. Средношколците ќе ги презентираат своите трудови и ќе ги споделат своите ставови за тоа како вештачката интелигенција влијае врз начинот на кој учат, пишуваат и доаѓаат до информации.

    „Темата отвора и етички прашања. Кога употребата на вештачката интелигенција му помага на ученикот подобро да го разбере материјалот? Како треба да се оцени труд изработен со нејзина помош? Кој е одговорен за точноста на информациите во таквиот труд? Средбата ќе им овозможи на учениците од различни училишта да разменат искуства за употребата на овие алатки во наставата и да ги слушнат аргументите на своите врсници. Со тоа, во разговорот за улогата на вештачката интелигенција во образованието ќе бидат вклучени и гледиштата на младите кои секојдневно се соочуваат со прашањето кога и како да ја користат“, стои во соопштението.

    Фестивалот има натпреварувачки карактер, а авторите на трите најдобри есеи ќе бидат наградени, а организатор на настанот е Магдалена Стојмановиќ – Константинов, наставник по логика и филозофија.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.