18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Синдикат на културата: Министерството се обидува да ги ограничи нашите права

    Синдикатот на културните работници реагира во врска, со како што велат, најновите случувања во дејноста културата каде што според нив, на вработените во културата сѐ уште не може да им се пресмета плата за месец септември согласно ОКД за јавен сектор.

    Информираат дека од страна на Министерството за култура бил доставен допис до институциите од културата со кој, како што појаснуваат, на директорите им се наложува да изготват поединечни акти/решенија со кои основната плата на вработените во културата се врзува со номинален износ спротивен на Колективниот договор за култура.

    „На овој начин се детерминира начинот на утврдување на основната бруто плата во културата спротивно од член 65 од Колективниот договор за култура. Целта на ваквиот начин на пресметка е во иднина да се запре растењето на основната бруто плата. Врзувањето со точно определен датум за важност на покачувањето од 10% согласно ОКД за јавен сектор, до февруари 2024 година, ја става дејноста култура во понеповолна положба од останатите дејности во јавниот сектор, за кои ова покачување не е со утврдена временска рамка.

    Со ова Министерството за култура со поединечен акт на ниво на работодавец се обидува да ја ограничи примената на колективните договори, а со тоа да ги ограничи правата од работен однос на вработените во културата“, се истакнува во информацијата од Синдикатот на културата.

    „Со ова, културата е еднинствената дејност во јавниот сектор за кои 10% покачување на основната бруто плата согласно ОКД за јавен сектор е временски ограничена, а сѐ со цел во иднина да не се дозволи раст на платите согласно колективните договори“, потенцира синдикатот.

    Токму поради ваквата состојба за утре СКРМ и СОНК во 11 часот пред Министерството за култура најавуваат прес-конференција.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.