18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ПРОМОЦИЈА НА НОВИ ПОЛИЦАЈЦИ 416 мажи и 92 жени во Идризово

    Новите полициски службеници и публиката која беше присутна во Центарот за обука во Идризово, ја запеаја „Бисер Балкански“ при свеченоста за нивна промоција. Вкупно 508 службеници рапортираа пред министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, па патриотски го поздравија.

    Во првиот дел од настанот, кога се интонираше македонската химна, Тошковски ги поздрави полициските службеници на кои им рече: „Пред да почнам со официјалниот дел од говорот, сакам да ви се заблагодарам, затоа што чувството да ја чуеш македонската химна од олку голем број на патриоти кои си ја сакаат Македонија, морам да признаам дека е фантастично. Ви благодарам многу за тоа“.

    Едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени.

    За време на официјалниот дел на овој свечен чин присуствуваа: техничкиот премиер Талат Џафери, министерот Панче Тошковски, дополнителниот мининисер Митко Бојмацалиев и директорот на БЈБ Сашо Тасевски.

    Новите припадници на полициските служби беа поздравени од тех. премиер Џафери на албански јазик, а по завршувањето на церемонијата во центарот во Идризово, при спуштање на македонското знаме, новите македонски полициски сили кои ја завршија обуката ги поздрави мин. Панче Тошковски а тие му возвратија со поздравна песна – Бисер балкански.

    Техничкиот премиер Џафери честитајќи им на новите припадници на полицијата посочи дека да се биде на првата линија на безбедноста е благородно и во исто време многу одговорна должност.

    -Знаењата и вештините што сте ги стекнале изминатава година преку интензивна обука, верувам дека како идни полициски службеници ќе ги применувате доследно во организациските единици каде што ќе бидете распоредени, рече Џафери.

    Ги охрабри полицајците да бидат чесни и посветени во спроведувањето на должностите кон граѓаните и горди на својата работа и професионално да се справуваат со новите предизвици на работата и да бидете подготвени за очекуваните одговори.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.