Општина Виница набави машина за метење и одржување хигиена на јавните површини.
Машината ќе биде користена од страна на ЈП „Солидарност“ со цел одржување хигиена на јавните површини во Општина Виница.
Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 2 690 518 денари, од кои 1 900 000 се обезбедени од Бирото за регионален развој, а остатокот, односно 790 518 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.