-0.4 C
Vinica
недела, ноември 24, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Општина Делчево прогласи природна непогода

    На денешната вонредна седница општинскиот Совет донесе одлука за формирање комисија за проценка на штетите која ќе ја применува методологијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи. Дополнително, донесена е одлука за објава на јавен повик преку кој граѓаните ќе се информираат за постапката за пријавување штети настанати од силното невреме што вчера го погоди градот

    Општина Делчево официјално прогласи природна непогода од поплави и град.

    На денешната вонредна седница општинскиот Совет донесе одлука за формирање комисија за проценка на штетите која ќе ја применува методологијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи.

    Ден по силното невреме кое го зафати Делчево / Фото: Горан Трајковски – Градоначалник на Општина Делчево

    Одлучено е Комисијата да соработува со надлежните државни органи, научно-стручни институции, а по потреба да ангажира и експерти од соодветната област по претходно добиена согласност од градоначалникот на Делчево.

    „Комисијата е должна да изработи извештај за процената на штетите во вид на елаборат согласно методологијата и да го достави до Советот на Општина Делчево на разгледување и усвојување и до Владата на Република Северна Македонија. Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во ‘Службен гласник на Општина Делчево’“,

    изјави претседателот на Советот на Општина Делчево, Гоце Попов.

    Ден по силното невреме кое го зафати Делчево / Фото: Горан Трајковски – Градоначалник на Општина Делчево

    На седницата дополнително е одлучено да се објави јавен повик преку кој граѓаните ќе се информираат за постапката за пријавување штети настанати од силното невреме кое вчера го погоди градот.

    Денешната вонредна седница на општинскиот Совет во Делчево следува по силното невреме кое вчера попладне го зафати градот и предизвика поплави.

    Претставници од сите надлежни институции на седницата информираа за преземените мерки и активности во насока на заштита на имотот на граѓаните, но и мерки кои се преземаат за санирање на штетите на индивидуалните и административните објекти од поплавите и од штетите на патната инфраструктура.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.