Како дел од Програмата за одбележување на празникот Св.Трифун од страна на Општина Кавадарци во прекрасниот амбиент на Вински Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци вчера на 14.02.2024 година, беше отворена изложбата „Теракотните Икони од Виничко Кале“.
Официјално за отворена изложбата ја прогласи градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев.
Пред многубројните посетители и љубители на културата свои излагања за значењето, автентичноста и единственоста на Теракотните икони од Виничкото Кале имаа директорката на Локалниот Музеј „Теракота“ од Виница г-ѓа Јулијана Иванова и директорката на Вински Музеј г-ѓа Весела Честоева .
На изложбата присуствуваа и Амбасадорот на Франција во Република Македонија г-дин Сирил Бомгартнер, претставници од Германската амбасада, пратеници, советници и културни работници.
Соработка на Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“ од Виница со Вински Музеј за регион Тиквеш – Кавадарци вроди уште едно претставување на нашето археолошко богатсто кое со својата автентичнос го обиколи светот.
Изложбата за посетители ќе биде отворена до 29.02.2024 година.