18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Министерот за надворешни работи учествува на Министерската конференција на Франкофонијата во Јаунде, Камерун

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе учествува на Министерската конференција на Франкофонијата, која на 4 и 5 ноември 2023 се одржува во Јаунде, Камерун.

    Османи, за време на предметната конференција,  ќе се обрати на седницата зад затворени врати за полноправните земји-членки и влади на Меѓународната организација на франкофонијата, на тема „Меѓународната организација на франкофонијата наспроти повторливите падови на демократијата во Франкофонските подрачје“, како и на дебатата  на тема: Доброто владеење: Гаранција за политичка, економска и културна стабилност за Франкофоните”.Воедно, предвидено е Министерот Османи да реализира низа билатерални средби меѓу кои се Министрите за надворешни на Франција, Швајцарија, Андора, Луксембург и други.

    Министерската конференција на Франкофонијата, е едно од трите тела содржани во повелбата на Франкофонијата и обезбедува политички континуитет на Самитот на франкофонијата. Република Северна Македонија е полноправна членка на Организацијата од 2006 година.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.