Една од најплатените манекенки во светот, Кара Делевињ (30) се појави на црвениот тепих на 74. доделување на наградите на фондацијата „Парсон“ во гламурозно издание по рехабилитацијата од зависност.
За оваа прилика манекенката се одлучила за малку поразголено издание. Таа носела син костум со длабоко деколте, без градник.
View this post on Instagram
„Таа сега изгледа сосема поинаку отколку што ја паметиме од минатата година“, коментираат фановите.
Бројни обожаватели на манекенката алудираа на сцените на Кара од аеродромот минатата година во септември кога таа изгледаше непрепознатливо.
Во март оваа година, Делевињ се појави и на црвениот тепих на Оскарите, а тоа беше само неколку дена по големото интервју за Вог. Потоа откри се за нејзината борба со зависноста и времето поминато на лекување.