14 C
Vinica
сабота, април 12, 2025

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Истрага против директорот на Геријатрија, барал 100.000 евра за згрижување на пациент

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) информираше дека е донесена наредба за спроведување истрага против две лица за кривично дело Примање поткуп и помагање при извршување на кривичното дело.

    Првоосомничен во случајот е директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, кој се сомничи дека во периодот од 19 март до 8 април годинава во неколку прилики директно побарал поткуп за да изврши службено дејствие што секако морал да го изврши.

    Поткупот го побарал од сведок во постапката – давател на доживотна издршка за лице кое боледувало од повеќе состојби и на кое по лекарски препораки и упатување му било потребно болничко згрижување во установата. Кога сведокот се обратил во болницата бидејќи состојбата на пациентот се влошувала, била известена дека пациентот е ставен на листа за чекање за прием.

    По неколку дена, жената-сведок добила повик од второосомничениот, кој ѝ закажал средба со директорот на Установата на 19 март во вечерните часови во еден угостителски објект во Скопје. На средбата, директорот на болницата лично кажал дека знае оти пациентот е материјално добро ситуиран, за што имал податоци и за недвижниот имот кој го поседува, па ветил помош за сместување ако биде награден со 100.000 евра. Жената реагирала дека станува збор за многу пари, на што директорот предложил до бараната сума да се дојде преку продажба на недвижниот имот – стан кој го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил опфатен со договор за доживотна издршка.

    „На 03.04.2025 година била реализирана средба меѓу сведокот и помагачот, како лице во кое директорот имал целосна доверба, а на 04.04.2025 година повторно сведокот се сретнал со двајцата осомничени. Конечно било договорено сведокот да даде 20.000 евра како гаранција за да го смести пациентот во болницата, а доколку првоосомничениот „со проверки“ утврди дека пациентот има и дополнителен недвижен имот тој имот да се продаде за да се обезбеди вкупно побараниот износ од 100.000 евра“, соопштија од обвинителството.

    Согласно договорот, на 8 април жената се сретнала со второосомничениот кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот примил 20.000 евра, по што на лице место бил фатен од страна на полициски службеници.

    За двајцата осомничени е доставен предлог за определување мерка притвор.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica