19.7 C
Vinica
петок, октомври 4, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Фудбалерот Езекиел Лавеци избоден со нож

    Поранешниот аргентински фудбалер Езекиел Лавеци е избоден со нож во Уругвај и моментално се наоѓа во болница.

    Според RMC, поранешниот играч на Наполи и ПСЖ бил избоден неколку пати по расправија и се здобил со повреди во пределот на стомакот.

    Покрај тоа, тој се здобил со скршеница на клучната коска и му се укажува лекарска помош.

    Според информациите на „Ел опсервадор“, Лавеци бил нападнат и повреден од роднина на забава по кратка расправија за пари. Се’ се случило во пет часот наутро, а Лавеци во полиција го донела девојка.

    Но, објавени се и други информации од кругот на луѓе блиски на Лавеци, кои изјавиле дека тој паднал од скала додека менувал сијалица и се повредил удирајќи во мебелот. Ова предизвика реакција на полицијата.

    Лавеци за Аргентина одигра 51 натпревар и постигна девет гола.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.