Голманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума зборуваше за својата иднина во клубот.
Се чувствувам добро во Париз и многу сум горд што го претставувам ПСЖ и овој град. Искрено се надевам дека ќе останам овде долго време и ќе напишам страница во историјата на клубот, изјави Донарума за новинарот Фабрицио Романо.
Оваа сезона, 24-годишниот Италијанец забележа 46 настапи во сите натпреварувања, прими 48 гола, а 14 пати ја зачува мрежата „чиста“.
Договорот Донарума е со важност до летото 2026 година.