3 C
Vinica
четврток, ноември 21, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    „Дали сте сериозни?“ – Пекинг ги критикува изјавите на учесниците на самитот Г7 за Кина

    Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг ги критикуваше изјавите на учесниците на самитот на Г7 одржан во Хирошима дека кинеската политика во моментот претставува закана за мирот и безбедноста на глобално ниво.

    „Некои членки на Г7 ја нарекоа Кина најголема закана за глобалната безбедност и просперитет. Дали сте сериозни?“, напиша таа на социјалните мрежи.

    „Ако Кина е закана, тогаш кои се некои од членките на Г7 кои почнуваат војни со суверени држави, соборуваат легитимни странски влади, се повлекуваат од мултилатералните договори и ги принудуваат другите земји да ги прекинат синџирите на снабдување“, праша кинескиот официјален претставник.

    Хуа истакна дека во сегашната фаза, Кина е мотор број 1 на светската економија, придонесува за светскиот раст повеќе од сите членки на Г7 заедно, одржува трговски и економски односи со повеќе од 140 земји во светот, и дека е вториот најголем придонесувач во финансирањето на мировните операции на ОН.

    Кинескиот заменик-министер за надворешни работи Сун Веидонг во понеделникот го повика јапонскиот амбасадор во Пекинг Хидео Таруми на состанок за да му предаде протест поради прашањата поврзани со Кина, дискутирани на самитот на Групата седум (Г7) во Хирошима за време на викендот.

    Лидерите на Г7 на тридневниот самит изразија сериозна загриженост поради, како што рекоа, зголемените тензии во Источното и Јужното Кинеско Море, како и за состојбата со човековите права во Кина, вклучувајќи ги Тибет и Ксинџијанг.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.