18.1 C
Vinica
недела, септември 27, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    Напредокот и е потребен на Македонија за да се движи понатаму и да се развие во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали сака да се приклучи во Европската Унија или не, порача денеска австрискиот европратеник Томас Вајц на Граѓанскиот форум „Северна Македонија и иднината на Европа: Граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ“, организиран од Групата за поддршка на демократијата и координација на избори на Европскиот парламент, во соработка со Собранието на Македонија.

    Вајц ги посочи проблемите за кои треба отворено да се разговара како што се животната средина, квалитетот на воздухот, дивите депонии, рециклирањето, пречистителните станици, рударството и шумарството, а ги потенцираше и владеењето на правото и демократските процеси, како и примената на законите која треба да биде еднаква за сите.

    „Единствено земја којашто се грижи за основните работи, чист воздух, вода, за добри услови на живот, исто така напредува и економски. Сето тоа има директно економско влијание. Тоа е исто така и владеење на правото, дали законот се применува за сите на ист начин или пак зависи колку сте богат и од каде доаѓате“, рече Вајц.

    Тој предупреди дека доколку процесот на евроитеграција не донесе и подобри услови за живот за граѓаните, тие ќе заминат каде што ќе имаат подобар живот.

    „Европската интеграција треба да биде надпартиска и долгорочна определба, со широка поддршка во општеството, а европската агенда да ја претвориме во граѓанска агенда. Европската интеграција не е само процес на усогласување закони, исполнување критериуми и отворање и затворање поглавја. Таа, пред сè, е процес кој треба да овозможи темелна промена на системот, во функција на поквалитетен животен стандард за сите нас“, рече денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши. Според него членството во Европската Унија треба да значи подобро образование и здравство, достоинствени работни места, функционални институции, еднаква правда, борба против корупцијата и создавање услови младите својата иднина да ја гледаат во земјава.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.