31.9 C
Vinica
среда, август 5, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Двајца македонски државјани прогласени за „персона нон грата“ во Албанија

    Министерството за внатрешни работи на АЛббанија прогласи двајца странски државјани за „персона нон грата“ поради сомнителни активности насочени против албанската држава, пренесе „Топ ченл“. Како што пренесуваат високо доверливи извори на медиумот, за непожелни се прогласени двајца државјани на Северна Македонија, за кои постојат информации дека вршеле активности на штета на албанската држава. Одлуката, како што пренесува медиумот, била донесена по предлог на антитерористичката единица при Државната полиција, а потоа е потврдена од Министерството за внатрешни работи, кое за „персона нон грата“ ги прогласило Валон Белја, познат и како Валјон Бела и Бекир Халими.

    Имамот Халими е поранешен член на ОНА и исламски теолог и вахабист. Во 2008 бил осомничен за поврзаност со терористичка ќелија на Ал Каеда.

    Бела е политички аналитичар и поранешен политички активист. Бил економски директор на Клиниката за гинекологија, од каде што е разрешен во 2019 поради конфликт со тогашната директорка на клиниката.

    На 9 јули, тројца функционери на партијата Вреди, координаторот на пратеничката група, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, биле задржани околу еден час на граничниот премин Ќафасан без никакво официјално објаснување, иако сите тројца покажале дипломатски пасоши, објави партијата.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica