25.3 C
Vinica
сабота, јуни 6, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    Украина соопшти дека погодила пет брода што превезувале нелегален товар во Азовското Море и  териториите окупирани од Русија.

    Командантот на украинските беспилотни летала рече дека бродовите биле вклучени во „крадење“ на украинско жито, како и во префрлање на воен товар и гориво, објави Би-Би-Си.

    Нападите доаѓаат во време кога рускиот претседател Владимир Путин се подготвува да зборува на голем економски настан во Санкт Петербург, а еден ден откако украинскиот претседател Зеленски понуди разговори лице в лице со рускиот лидер за завршување на војната.

    Во меѓувреме, Украина потврди дека едно од нејзините беспилотни летала експлодирало покрај романскиот брег на Црното Море во петокот. Нема информации за повредени во експлозијата.

    Во Украина, најмалку 13 лица се убиени, а повеќе од 70 други се повредени во изминатиот ден, според локалните власти.

    Меѓу нив се и четири лица кои загинаа откако руски беспилотни летала погодија фабрика за млечни производи надвор Киев. 

    Смртни случаи и повреди од руските напади се пријавени и во Херсонскиот, Харковскиот, Сумискиот, Запорожјескиот, Черниговскиот и Днепарскиот регион.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека магацини за храна, поштенска зграда и училиште се меѓу другите објекти што биле погодени.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica