18.8 C
Vinica
вторник, април 28, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Без победник на конкурсот „Горан Стефановски“: Текстовите што ги добивме се скици, немаат целосна драмска структура

    На денешната прес конференција во Драмски по повод донесувањето на Одлуката на комисијата за конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години објавен на 25.7.2025 година, соопштија дека биле доставени три драмски текста од тројца автори.

    Комисијата во состав: Викторија Рангелова-Петровска, (драматург и претседател на Комисијата) и членовите: Жанина Мирчевска (драматург), Венко Андоновски (книжевен теоретичар), Дејан Лилиќ (актер првенец) и Димче Николовски (режисер), по анализа на доставените дела, едногласно одлучи наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години, да не се додели.

    Директорот на театарот, Роберт Вељановски истакна дека и покрај недоделувањето на наградата и во втората година од востановувањето, целосно стои зад одлуката на комисијата и изрази заложба дека со големо внимание ќе биде разгледан предлогот на Комисијата за можноста за промена на критериумите во Правилникот за Конкурсот за драмски текст за наградата „Горан Стефановски“. Тој се надева дека наредните објавени конкурси со евентуалните измени ќе бидат исто така со критериум достоен на делото на Горан Стефановски, а од друга страна доволен мотив за авторите и нивните текстови да бидат дел од современата македонска драма со цел да се збогатува македонското драмско творештво и да се одржи континуитетот на македонското драмско писмо.

    Одлуката да не се додели наградата и оваа година може да се толкува како дестимулативен потег, но и покрај тоа Комисијата принципиелно стои на ставот дека единствениот критериум за доделување на наградата „Горан Стефановски“ е и мора да биде квалитетот на драмскиот текст. Малиот број на доставени драмски дела е уште еден критичен показател. Поради тоа Комисијата достави предлог до Управата на Драмски театар Скопје да разгледа три можни измени во Правилникот за наградата „Горан Стефановски“ и тоа: Да се зголеми возрасната граница, Потполно да се отстрани ограничувањето на возраста, Да се размисли за награда „Горан Стефановски“ за развој на драмски текст и негова сценска реализација.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica