16.6 C
Vinica
сабота, април 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Љутков: Над 11 милиони денари за ревитализација на културното наследство во Охрид

    Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска, во рамки на работната посета на Охрид, заедно со директорот на Завод и музеј – Охрид, Горан Патчев изврши увид во состојбата на Самуиловата тврдина и ги презентираше активностите што ќе се реализираат со цел заштита и ревитализација на културното наследство.

    Министерот нагласи дека заштитата, промоцијата и презентацијата на Охрид и Охридската споменична целина, која е дел од светското културно и природно наследство, претставува врвен приоритет за Министерството за култура и туризам.

    Покрај тоа, ќе се реализираат и заштитни интервенции и археолошки истражувања на локалитетот Манчевци, каде се наоѓа ранохристијанска базилика со вредни мозаични површини. Поради констатирани оштетувања, предвидени се активности за дополнителни истражувања, изградба на потпорен ѕид и соодветно инфраструктурно уредување, со цел создавање услови за негова презентација и промоција.

    Тој додаде дека во годината кога Завод и музеј – Охрид одбележува 75 години од постоењето, во годишната програма за заштита на недвижното културно наследство се издвоени 11.520.000 денари за реализација на значајни проекти. Средствата се наменети за ревитализација на Самуиловата тврдина, која опфаќа археолошки доистражувања, поставување илуминација и партерно уредување со летна сцена. Со тоа ќе се овозможи повторно одржување на театарски претстави, концерти и други културни настани, со што тврдината ќе добие и одржлива културна функција.

    Љутков потенцираше дека Министерството за култура и туризам останува цврсто посветено на системска грижа за културното наследство, како значаен ресурс за развој на културниот туризам и афирмација на државата на меѓународно ниво.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica