10.3 C
Vinica
среда, април 22, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Mанифестација „Во чест на поетот“ во Штип

    Во Штип ќе се одржи манифестацијата „Во чест на поетот“ посветена на Ацо Шопов.

    Во организација на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, на 22 април (среда) со почеток во 12:00 часот, во Спомен собата на установата, ќе се одржи манифестацијата „Во чест на поетот“, посветена на Ацо Шопов, по повод 44 години од неговата смрт.

    Проектот е целосно финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

    Во рамки на манифестацијата ќе бидат доделени признанија за посебен придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов на Божин Павловски, како и на ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“ при Друштвото на писателите на Македонија.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica