18.4 C
Vinica
понеделник, април 20, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Бесплатни онлајн проекции на филмот „Дивиа“ по повод Денот на планетата Земја

    По повод Денот на планетата Земја (22 април), публиката од регионот ќе има можност бесплатно да го гледа еколошкиот документарен филм „Дивиа“ (DIVIA), во режија на Дмитро Хрешко, автор од Украина. Филмот ќе биде достапен онлајн од 22 до 29 април преку линкот ondemand.kinomeetingpoint.ba.

    Проекцијата се одржува како дел од програмата Екоскоп, иницијатива на фестивали обединети во Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион: Филмски фестивал во Сараево, Филмски фестивал во Херцег Нови, Меѓународен филмски фестивал во Љубљана, Фестивал на авторски филмови, Филмски фестивал во Загреб и ИФФК „Браќа Манаки“.

    Филмот „Дивиа“ (DIVIA) ја прикажува трансформацијата на Украина – од мирна природна убавина до уништувањето предизвикано од војната. Со доаѓањето на пролетта, животот постепено се враќа, но обемот на уништувањето укажува дека брзото еколошко закрепнување е неизвесно.

    Филмот беше во конкуренција за наградата „Срцето на Сараево“ на минатогодишниот 31. Филмски фестивал во Сараево и беше прикажан во Натпреварувачката програма – Документарен филм.

    „Дивиа“ (DIVIA) е поетски документарец кој го истражува двојното уништување од војната – човечко и еколошко. Преку слики од изгорени шуми, уништени полиња и поплавени градови, филмот прикажува пејзажи трансформирани од насилство, но и тивка отпорност на природата и луѓето. Преку перспективата на деминери, екологисти и тимови за реставрација, тој го открива бавниот, болен, но решителен процес на закрепнување на кревките екосистеми.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica