21 C
Vinica
вторник, април 7, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Објавен првиот том од избраните дела на Томислав Османли

    Романот „Дваесет и првиот“ со поднаслов „Книга на фантазми“ се враќа пред македонските читатели како една од најтрофејните македонски прозни дела

    .- Проф. Д-р Јелена Лужина: роман што восхитува; Проф. Д-р Венко Андоновски: елегантен, мистичен, рафиниран и раскошно структуриран роман…

    Романот „Дваесет и првиот“ која го носи поднасловот „Книга на фантазми“ во 2010 ја доби наградата „Роман на годината“ што ја востанови и тогаш ја доделуваше „Утрински весник“. Во 2010 година со одлука на уште едно мериторно жири (Д-р Ферид Мухиќ, Д-р Луан Старова и Д-р Наташа Аврамовска) беше македонски кандидат за престижната регионална книжевна награда „Балканика“ која таа година се доделуваше во Валона, Албанија, а ја доби истакнатиот писател Исмаил Кадаре, додека романот „Дваесет и првиот“ беше второпласирана книга од страна на меѓународното жири, меѓу повеќето балкански кандидати на тој избор за „Балканика“.

    Романот „Дваесет и првиот“ првично беше објавен од страна на издавачката куќа „Блесок“ и доживеа две изданија во Македонија и повеќе преводи: на англиски (Марија Џоунс и Метју Џоунс), руски (Олга Панкина), хрватски (Проф. Д-р Борислав Павловски), српски (Зоран Ж. Пауновиќ), црногорски (Марина Ѓуровиќ-Маркоска, претходно Проф. Нена Вујадиновиќ), бугарски (Марин Петров) и арапски јазик (Ханд Адел), во сите тие средини проследен со суперлативи од книжевната критика.

    Рецензии, одломки од романот и интервјуа со авторот беа објавувани по регионалните весници и списанија, на програмите на Третите програми на Хрватското Радио и на Радио Белград, додека египетската национална телевизија „Nile TV“ од Каиро, на романот, македонскиот идентитет и историја и на нашите преродбенски личности кои се едновремено и ликови ро романот, му посвети едночасовна емисија во разговор со преведувачката на „Дваесет и првиот“, меѓу останатото и како прва македонска книга преведена на арапски јазик. Втората програма на Радио Белград објави серија одломки од македонскиот роман, во поголем број продолженија. Белградскиот портал за култура и уметност „BG Ed Culture“ овој македонски роман го прогласи за еден од петте најдобри странски книги поредени во Србија во 2015 година. Посебните изданија на „Дваесет и првиот“ беа претставувани на Саемите на книгата во Лајпциг, Белград, Москва, а арапското издание и на големите саеми во Каиро, а потос и во Алжир, Саудиска Арабија, Судан, Кувајт и Мароко.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica