9.9 C
Vinica
понеделник, март 30, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    СОЧЕН ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ: Рецепт за најчоколаден десерт

    Ако сте љубител на интензивен вкус на чоколадо, ова е рецепт што не смеете да го пропуштите. Богат, сочен и неодоливо кремаст – секој залак е вистинско задоволство за сите сетила.
    Состојки:
    150 г темно чоколадо
    250 г путер
    5 јајца
    120 г шеќер
    2 лажици брашно
    2 лажици какао
    1 лажичка прашок за пециво
    малку маст за калапот
    За преливот:
    100 мл слатка павлака
    100 г темно чоколадо
    Подготовка:
    Растопете го чоколадото и путерот на пареа или во микробранова печка, а потоа оставете малку да се изладат. Изматете ги јајцата со шеќерот додека не се добие пена, потоа додадете го растопеното чоколадо и путерот.
    Вмешајте го брашното, какаото и прашокот за пециво, а потоа нежно измешајте сè заедно. Истурете ја смесата во намастен калап и печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 20-25 минути – внатрешноста треба да остане малку сочна.
    За преливот, загрејте ја слатката павлака додека не зоврие, потоа прелијте ја врз сечканото чоколадо и мешајте додека не добиете мазна глазура. Прелијте ја врз изладениот колач.
    Оставете да се стегне, исечете и уживајте во најчоколадниот десерт!

    Уживајте!

    Фото: Принтскрин/novosti

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica