14.7 C
Vinica
четврток, март 26, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    СДСМ избра нови членови на Централниот и на Извршниот одбор

    СДСМ вчера избра нови членови на Централниот и на Извршниот одбор. Во раководните тела на партијата ќе бидат Соња Стаменкова, актуелна градоначалничка на Македонска Каменица, Слободен Чокревски, професор и поранешен функционер на партијата, портпаролката Богданка Кузеска, Тања Илијовска и поранешниот пратеник, Рубин Земон.

    За Меѓународен секретар на СДСМ е избран Андреј Жерновски, втор Организациски секретар на СДСМ е Зоран Трифуновски, а распишан е оглас за избор на претседател на Форумот на пензионери.

    На вчерашната седница на Централниот одбор, претседателот на партијата Венко Филипче ја презентираше новата предлог Платформа на СДСМ од која треба да произлезе новата програма на партијата. Од СДСМ најавуваат дека финалната верзија на програмата ќе треба да произлезе преку инклузивен процес и широка дебата со членството и граѓаните, а ќе биде презентирана и усвоена на програмскиот Конгрес на СДСМ што ќе се одржи на 7 јуни.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica