14.3 C
Vinica
среда, март 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Тројца краделе кабли во „Железара“, добија кривични пријави

    Три лица добија кривични пријави бидејќи на почетокот на месецот краделе кабли од кругот на фабриката „Железара“ во Скопје. Ккао што информира Основното јавно обвинителство, тие во првите денови од март годинава украле различни видови кабли вредни речиси 200.000 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. Додека краделе оштетиле и кабел кој е дел од јавна електрична инсталација, вреден 800.000 денари. Кога ги натовариле каблите во автомобил и се обиделе да ги изнесат од кругот на фабриката, биле откриени и лишени од слобода.

    „По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба. Со поднесеното обвинение јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за еден од обвинетите, додека за останатите двајца на сила се мерки на претпазливост,“, информираат од ОЈО.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica